Што всушност претставува водено перење
Воденото перење е еколошки безбеден, нетоксичен процес на професионално перење на алишта кој, за разлика од традиционалното хемиско чистење не кориси хемикалии, не ја загадува животната средина и не го загрозува нашето здравје.
Се користат мали количества вода и биоразградливи детергенти во компјутерско контролирани машини за перење кои перат сѐ, вклучително и најделикатни ткаенини како волна, свила, кашмир, вискоза, а на алиштата не останува остар и непријатен мирис или опасни хемикалии.
Воденото перење е стар и нов метод на чистење на алиштата. Водата со векови се екористи за перење на алишта. Научниците и инжењерите исто така со векови работат на откривање на нови методи за брзо и ефикасно перење.
Еден нов метод е машинското водено перење кое користи вода и детергенти за перење на алиштата. Употребата на вода не е она што го прави воденото перење нов метод на перење на алиштата. Новите компјутерски контролирани машини за водено перење, специјалните сушари, новите биоразградливи детергенти и нетоксичните отстранувачи на дамки го прават воденото перење еколошки безбеден метод. Новите машини за водено перење имаат функции што овозможуваат безбедно и ефикасно чистење на широк спектар на облека во вода. Новите детергенти и отстранувачите на дамки се направени од состојки кои се побезбедни за нас и за животната средина, а сепак се ефикасни во отстранувањето на нечистотии, дамки и мириси колку и хемикалиите кои се користат во хемиското чистење.
Според американската Агенција за заштита на животната средина ЕПА (EPA), воденото перење е еколошки најсофистициран професионален метод на чистење на алиштата. Не користи опасни хемикалии, не создава опасен отпад, ниту пак процесот ги загадува воздухот, водата и почвата.