company logo

Водено перење наспроти хемиско чистење


За да направите најдобар избор на кој начин ќе се одлучите да ги исчистите вашите алишта, од суштинско значење е да ги разберете разликите и да ги земете предвид добрите и лошите страни на секој метод. Тоа ќе ви биде од голема корист, особено кога треба да исчистите чувствителни ткаенини или материјали.

Воденото перење и хемиското чистење се два различни методи и пристапи на чистење на алиштата.

Првиот користи вода, а вториот, како што и наведува самото име, наместо вода користи хемиски растворувачи, како што е перхлоретилен (PERC) во машина која наликува на машина за перење. Воденото перење, од друга страна, ја користи водата како основно средство за чистење. Професионалните машини за перење се опремени со системи за контрола на количината на вода, вртежи, температура и нудат соодветно перење на алиштата без оштетување на такаенината. Најважно од сѐ, не користат хемиски растворувачи, а со самото тоа не ја загадуваат животната средина. Во процесот на водено перење алиштата, на кои на етикетата стои дека треба исклучиво хемиски да се третираат, не се оштетуват и не се собираат. Во некои земји, како Франција, дури има забрана за користење на перхлоретилен.

Зошто да изберете водено перење наместо хемиско чистење? Затоа што има многу повеќе предности во споредба со хемиското чистење:
• Еколошки безбедно: Не ја загадува животната средина, користи биоразградливи детергенти наместо хемиски растворувачи, промовира еколошки практики и не ја оштетува ткаенината.
• Долготрајност на ткаенините: Воденото перење е погодно за широк спектар на ткаенини, вклучувајќи ги и најчувствителните материјали.

Перформанси на воденото перење:
Ефикасно ги отстранува дамките од течности, нечистотија, пот и најголем дел од дамките од мрснотии и целосно ги елиминира мирисите.

Безбедност:
Бидејќи не користи хемиски растворувачи, воденото перење е безбедна опција за клиентите, особено за оние кои страдаат од алергии.

Иновативните производи и врвни технологии на Electrolux Professional lagoon Advance Care.