company logo

За нас


lagoon® Advanced Care Доживејте ново искуство во професионалната грижа за текстилот.

lagoon® Advanced Care Најдоброто решение за чистење на деликатна облека, кожа и чевли. Со изборот на lagoon® Advanced Care започнувате нова приказна со единствени придобивки и предности какви што досега не сте искусиле.

Извонредни и брзи резултати. Dry-to-Dry (носиш суво-земаш суво) за 1 час. Најновите биоразградливи детергенти и иновативните процеси овозможуваат облеката целосно да се исуши во машината за сушење. Алиштата се сосема суви, не се истуткани и лесно се финишираат.

Одржливо и еколошко. Кажете збогум за хемиското чистење. Секој вид облека како и секој вид материјал, повеќето видови кожа, дури и чевли можат да се третираат со lagoon® Advanced Care на вистински еколошки начин.

Единствено искуство во ракување со опремата. Современ дисплеј едноставен за користење. Новата ClarusVibe функција гарантира беспрекорна интеракција и нуди паметен и лесен начин на ракување со процесот на lagoon®.

Брз поврат на инвестицијата. lagoon® Advanced Care се грижи за вашиот бизнис овозможувајќи поголем капацитет на полнење, помалку ангажман во преттретманот за отстранување на дамки, полесна завршна обработка и побрз процес.


Можности што ги менуваат сите правила на играта. Вашите потреби имаат главна улога во секоја фаза од нашиот развој. Овојпат со lagoon® Advanced Care отидовме уште еден чекор понапред, зголемувајќи го капацитетот и нудејќи ви нови можности за приход. Изберете lagoon® Advanced Care и искусете квалитет, можности и профитабилност на вистински одржлив начин.

Напредувајте во бизнисот заедно со lagoon® Advanced Care Брзо време на процесирање, едноставни операции, сигурни резултати на сите видови текстил, ефикасност во користењето на опремата и енергијата. – ние знаеме колку сето ова е значајно за успехот на вашата професионална перална. Не барајте алтернативи, барајте квалитет и профитабилност. Постојано, секој ден.

Верувајте на искуството на лидерите во индустријата. Како резултат на над 20 годишно стручно знаење во професионалната грижа за текстилот, lagoon® Advanced Care е пионер во брзото перење на алиштата. Донесете ги алиштата суви и валкани и за 1 час земете ги испрани и исушени (Dry2Dry). Воденото перење дава извонредни резултати не само на деликатната облека и материјали, туку и на кожа и чевли.

Потврдено од експерти Институтот „Хохенштајн“ во лабораториски услови спроведе тестови за споредба на чистење на облека направена од деликатни материјали со lagoon® Advanced Care и чистење со помош на растворувачи. После повеќе од 10 циклуси на перење, испитувањата покажале еднакви или споредливи резултати за двете технологии во однос на абење на текстилот, промена на димензиите и губење на бојата. Резултатите од испитувањето се достапни на ваше барање.

Програмите за волна на системот за водено перење на lagoon® се одобрени од компанијата „Вулмарк“ во 2004 година за чистење на облека со нејзиниот знак на кој има ознака „само за хемиско чистење“. Во Велика Британија, Ирска, Хонг Конг и Индија заштитниот знак на „Вулмарк“ е знак за поседување сертификат.